Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Оштетено пристаниште, бродови повлечени во теснец, вода продира во градот – три бранови на цунами веќе го погодија Северокурилск

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Три бранови на цунами го погодија рускиот град Северокурилск, пришто последниот ја оштети пристаништната инфраструктура и повлече неколку бродови во теснецот.

Руската државна новинска агенција ТАСС извести дека третиот бран бил најсилен. Претходно и министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека брановите на цунами поплавија делови на Северокурилск.

Снимки на социјалните мрежи покажуваат како водата продира кон внатрешноста на градот кој има 2.000 жители. Жителите се евакуирани на повисоките зони, а властите на областа Сахалин мобилизираат сили и резерви за што поскоро отстранување на последиците од цунамито.

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток, предизвикувајќи цунами од четири метри висина, оштетувајќи згради и активирајќи ги алармите за предупредување и евакуација во делови крај Тихиот Океан.