Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Осум лица загинаа, едно лице е во тешка состојба – падна бетонска натстрешница на железничката станица во Нови Сад

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Осум лица загинаа при уривање на натстрешница на железничката страница во Нови Сад, потврди министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Според него, во тек е спасувачка акција по трагичниот настан и спасувачките тимови оствариле контакт со две лица кои се зарборени под урнатините.

Хоспитализирани се две лица од кои едно во тешка состојба по ампутација на ногата.

Несреќата се случи претпладнево, околу 11:50 часот, кога падна бетонска натстрешница на објектот на станицата. Натстрешницата не била предмет на реконструкција во рамки на работите на обнова на железничката зграда, како дел од проектот за изградба на брза пруга Нови Сад – Суботица.

„Во рамки на рекмонструкцијата се работеше на внатрешноста на станицата, на покривот, на фасадата над и под натстрешницата“, се наведува во соопштението на Железници на Србија.

Железничкиот сообраќај на станицата во Нови Сад е во прекин, а возовите од Белград сообраќајат до станицата Петроварадин.

Клиничкиот центар во Нови Сад повика на крводарителска акција.

Обвинителството веднаш отвори истрага.