Пациентите со Тип 1 дијабетес се соочуваат со продолжен недостиг на терапија, ленти и сензори, предупредува претседател на Асоцијацијата на дијабетичари, Димче Велев.
Недостигот го објаснува со доцнењето на тендерите и лошото планирање од Министерството за здравство.
Како решение предлага нов модел на Фондот за здравствено осигурување од 2027 година, кој овозможува терапијата и помагалата да се подигаат директно од аптеките.











