Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пцовки и удирање со рака по маса – испад на Рама додека говореше за апсењето на градоначалникот на Тирана

/

пред 614 дена

Сподели преку :

Албанскиот премиер Еди Рама ги загуби нервите за време на директен пренос и почна да удира со рака по масата. Снимката за брзо време стана вирална. За време на преносот, Рама го коментираше апсењето на неговиот близок соработник, градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај.

„Тој беше отстранет од функцијата без судење, затворен во ќелија, а Тирана остана без лидер“, рече албанскиот премиер.

Градоначалникот на Тирана беше приведен од полицијата врз основа на истрагата што против него беше покрената минатата година. Тој е осомничен за корупција, поточно за кривично дело „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“.

Рама во еден момент се фати за глава, удри со раката на масата и ја покри камерата со прстите. Неколку пати во етерот се слушнаа и пцовки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)