Карго авион во пламен беше принуден да слета на меѓународниот аеродром во Мајами, непосредно по полетувањето. Според портпаролот на компанијата „Атлас Ер“, леталото безбедно се вратило во базата, откако се случил дефект на моторот, веднаш по полетувањето, иако петчлениот екипаж ги следел сите стандардни процедури.
„Атлас Ер“ најави истрага за утврдување на причината за инцидентот. Од Федералната управа за авијација на САД и националниот одбор за безбедност на транспорт соопштија дека првичната инспекција на авионот дупка со големина на топче над моторот.
Дефектот на моторот на Боингот на „Атлас Ер“ доаѓа по двата неодамнешни инцидента на авиони од висок профил. Патнички авион на компанијата „Џапен Ерлајнс“ се судри со авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио, при што загинаа пет членови на екипажот. Пред неколку дена, пак, Боинг 737 Макс 9 принудно слета, откако за време на лет се откачи дел од авионот со 171 патник.











