Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Полицијата пука во демонстранти, дел од парламентот на Кенија во пламен, најмалку 10 загинати лица – улична војна во Најроби

/

пред 849 дена

Сподели преку :

Повеќе илјади демонстранти, кои се противат на воведувањето на нови даноци во Кенија, упаднаа во зградата на парламентот и запалија дел од неа. Пратеници се евакуирани.

Забележани се најмалку три тела пред парламентот, каде полицијата пукаше во толпата, пренесува АП.

Демонстрантите бараа од пратениците да гласаат против контроверзниот закон, но набрзо упаднаа во објектот, откако законот беше изгласан.

Запалена е канцеларијата и на гувернерот на Најроби која се наоѓа во близина на парламентот.

Полицијата пукаше со боева муниција и фрлаше солзавец врз демонстрантите.

Претседателката на Правното здружение на Кенија, Фејт Одиамбо рече дека 50 Кенијци биле „однесени од луѓе за кои верува дека се полицајци“. Дел од исчезнатите се активисти кои ги поддржувале протестите, а биле однесени од нивните домови во пресрет на протестите.