Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Приведени 10 дрвокрадци, запленети 400 кубици дрва на Скопска Црна Гора

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

На Скопска Црна Гора, полицијата одзеде 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, а приведени 10 дрвокрадци.

На 19 и 20 септември, на место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени 28-годишниот С.А., 22-годишниот Р.А., 24-годишниот Џ.А., 37-годишниот Е.А., 39-годишниот Б.С., 51-годишниот Д.А., 53-годишниот Ќ.А., 47-годишниот С.А., 34-годишниот Џ.С., сите од село Брест и 27-годишниот Б.М. од село Арачиново, скопско, извести МВР.