Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се слушаат рафали, одекнуваат експлозии – герилски борби во град во Ингушетија

/

пред 966 дена

Сподели преку :

Во град во Ингушетија, руска република на северен Кавказ, во тек е антитерористичка операција, се вели во соопштението на регионалниот Кризен центар, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Одлучено е да се изведе антитерористичка операција во градот Карабулак во Република Ингушетија со почеток во 19:30 часот по локално време“, се наведува во соопштението и се додава дека во зоната на операции се четири улици.

Полициски извори за РИА Новости изјавија дека во тек се борби со милитанти.

„Во тек е вооружен судир во Карабулак. Милитанти кои се сместени во станбена зграда ја одбија да се предадат и отворија оган врз службеници за спроведување на законот“, вели полициски извор.

Коментар за ситуацијата во Ингушетија даде и регионалниот шеф на руската Федерална безбедносна служба (ФСБ), Максим Шевљаков.

„Апелираме до граѓаните да останат смирени за да се избегне хаос и да ги почитуваат насоките на властите“, порача Шевљаков.

На снимките на социјалните мрежи може да се слушнат пукотници и експлозии.