Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се возеше во златна кочија, му приредија раскошна церемонија – кралот Чарлс го дочека Трамп во замокот Виндзор

/

пред 394 дена

Сподели преку :

Свечен дочек пред замокот Виндзор за американскиот претседател Доналд Трамп која е во официјална посета на Велика Британија. Настанот го одбележуваат раскошна церемонија, најстроги безбедносни мерки во поновата историја на земјата и протести.

Трамп и Меланија пред Виндзот ги дочекаа кралот Чарлс и кралицата Камила. За високиот гостин од САД беше организирана и поворка со кочии низ кралскиот имот во која се возеа и принцот Вилијам и принцезата Кетрин, како и принцот и принцезата од Велс. Дочекот беше проследен со почесни стражи и изведба на химните на Велика Британија и на САД.

По свеченоста, Трамп и Чарлс влегоа на приватен ручек. Останатиот дел од денот ќе биде проследен со прелети на британското и американското воено воздухопловство. Потоа е планирано Трамп да положи цвеќе на гробот на кралицата Елизабета, а за вечерва е предвиден државен банкет во големата сала во Виндзор.

За утре е закажан средба на Трамп со британскиот премиер Кир Стармер. Посетата на американскиот претседател е пропратена и со политички преговори. Велика Британија и САД потпишаа технолошки договор вреден 42 милијарди долари.