Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Шише заврши во глава на советничка – спречена тепачка на седница на советот на Општина Кочани

/

пред 480 дена

Сподели преку :

Спречена физичка пресметка на денешната 65-та седница на Советот на Општина Кочани, откако претходно во вербална расправија влегоа советниците Аки Акиов и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков.

Темата беше лекувањето на повредените, а по упатените пцости, советникот Акиов тргна кон неговиот колега од советот.

Тепачката ја запре градоначалникот, но не успеа да го спречи разбеснетиот Акиов да фрли шише кое заврши во лицето на една од присутните советнички. Откако Стојков беше остранет од салата, дискусијата продолжи.