Падна првиот снег во БиХ. Според информациите кои ги пренесуваат локалните медиуми снежна покривка која паѓаше во текот на ноќта има на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ.
Снег има и на планинскиот превој Романија.
Во цела Босна и Херцеговина е значително постудено во однос на претходните денови, бидејќи температурата падна за 20 степени Целзиусови.
Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод, денеска и во наредните денови се очекува постепено разведрување и затоплување.
Како изгледаше на камерите за видео надзор може да погледнете ОВДЕ.











