Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Солзавец, водени топови, судири со полиција – осми антивладин протест во Тирана

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, синоќа го одржа осмиот антивладин протест за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана.

Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го  најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата и цистерните со вода, по што полицијата употреби водени топови и солзавец.

Имаше повеќе судири со полицијата, обиди за пробивање на полицискиот кордон, по што пристигнаа дополнителни полициски сили.

Лидерот на демократите Сали Бериша, присуствуваше на протестот, но не се обрати. Претходно за медиумите изјави дека „Нашата изјава дека сме на последниот километар, ја означува нашата обврска да го поминеме овој километар, по секоја цена и услови, до победа”.

„Овој нарко режим мора да си оди. Тие се крадци кои апсолутно никогаш не сакаат интеграција, туку сакаат да крадат и да се збогатат, крадејќи јавни средства и средства на Албанците. Затоа, протестите се најмоќниот глас на достоинствените Албанци, на Албанците кои не се согласуваат со оваа ситуација“, рече Бериша.

Извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, според Бериша, јасно ги отсликувал вистинските рани на Албанија, корупција, изборна фарса, заробена држава и контрола врз медиумите.

Протестот почна со едноминутно молчење во знак на почит на двете деца кои ги усмрти пијан возач во Драч, за што ја обвинија владата и полицијата.