Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Талевски: Тошковски се обидува да го претвори МВР во партиска милиција

/

пред 446 дена

Сподели преку :

Остро се спротивставуваме на скандалозниот Предлог-Закон за изменување и дополнување на законот за полиција кој е предложен од Панче Тошковски, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талевски. Во име на партијата, тој апелира до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат и повика на реакција од Хелсиншкиот комитет, Канцеларијата на Европската Унија, ОБСЕ, невладините организции и странските амбасасади.

„Како што никој не беше поштеден во времето на Груевски, така сега и Тошковски подготвува режим во кој секој кој нема да слуша, ќе биде уценет, притиснат и замолчен. Ги повикуваме Хелсиншкиот комитет, Канцеларијата на Европска Унија, ОБСЕ, невладините организaции и странските амбасасади, сите демократски држави и целата демократска јавност, итно да реагираат на овие опасни, режимски политики. СДСМ алармира – ова безбедноста, демократска и институционална криза во најава“, рече Талевски.

Предлог законот, рече Талевски, „не е ништо друго, освен брутален обид за партизирање на полицијата и претворање на министерството за внатрешни работи во партиска милиција под команда на Тошковски“.