Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава – вонреден инспекциски надзор во Психијатриската болница „Бардовци“ по случајот на тепање на нов пациент

/

пред 1231 дена

Сподели преку :

По вознемирувачките снимки на социјалните мрежи на кои се гледа како „староседелци“ во Психијатриската болница Бардовци тепаат новодојден пациент, се огласија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ).

Од таму за Телма велат дека е издаден налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Прихијатриска болница „Бардовци“ и по добиена информација од инспекторите ќе излезат во јавноста со соопштение.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Телма потврдуваат дека случајот од „Бардовци“ е пријавен и се работи на негово расчистување.

Директорот на ЈЗУ Прихијатриска болница „Бардовци“ се огласи преку социјалните мрежи. Го потврди случајот и посочи дека напаѓачите се сместени во судското одделение, а тоа се лица кои сториле кривични дела – „Убиство“ и „Обид за убиство“.

Деновиве се појавија вознемирувачки видеа на кои се гледа како пациенти хоспитализирани во психијатриската болница во земјава крвнички тепаат новодојден пациент. Од разговорите на видео снимката може да се слушне дека таков бил редот со сите нови кои доаѓаат во болницата, како и дека „ќотекот излегол од рајот“.

На една од неколкуте снимки жртвата ја тераат да се претстави, а потоа човекот кој ги снима и објавува видеата им дава насоки на други пациенти физички да го малтретираат новодојдениот за, како што вели, да се запазела праксата.