Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.Штипjaни вечерва им оддадоа почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во „Пулс“-Кочани.
Семејствата на загинатите штипјани и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов го поставија и камен темелникот на спомен обележјето во близина на Градскиот плоштад „Слобода“.
Спомен обележјето има пет гулаби кои се свртени кон ангел. Во тишина потешка од илјада зборови се оддаваше почит на 63 жртви, меѓу кои и на петтемина штипјани кои загинаа во страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Семејствата на загинатите и нивните роднини, пријатели, како и граѓани на Штип запалија свеќи во чест на сите починати.
Викторија Димитрова Јованова
Дигитална обработка: T.Д.











