Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Зекири пристигна во судот со адвокат – не одговори на прашањата дали се чувствува виновен

/

пред 1640 дена

Сподели преку :

Мухамед Зекири, актуелниот генерален секретар во Владата, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба во Владата, пристигна попладнево во Кривичниот суд, без полициска придружба, туку со својот адвокат.

Тој не одговори на прашањата на новинарите дали се чувствува виновен по обвинението од  Обвинителството за организиран криминал  дека заедно со уште двајца хрватски државјани во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба  без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице .

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, соопштија од Обвинителството за органзиран криминал.