Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Зеленски: Путин е луд! – Русите во Харков погодија хипермаркет

/

пред 880 дена

Сподели преку :

Најмалку две лица загинаа денеска во руски напад врз специјализиран трговски центар кој продава градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина во регионот кој повеќе од две недели е цел на руски напади.

„Сигурно знаеме дека две лица загинаа“, рече градоначалникот на Харков Ихор Терехов во пост на социјалната мрежа „Телеграм“.

Гувернерот на регионот, Олех Синехубов, соопшти дека во нападот се повредени четири лица. Тој рече дека две наведувани бомби го погодиле трговскиот центар, по што пожарот зафатил 15.000 квадратни метри.

„Голем број луѓе се исчезнати, а многу се повредени. Нападот се случил во трговски центар со многу луѓе. Ова е чист тероризам“, изјави градоначалникот Терехов.

Пред војната, Харков имаше милион и пол жители. Станува збор за град во близина на руската граница во североисточна Украина и редовно е цел на напади на руските воени сили, кои на 10 мај започнаа копнена офанзива врз целата област Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се стравува оти во моментот на нападот би можело да има „повеќе од 200 луѓе“.

„Сите служби кои помагаат во гаснењето на пожарот и спасувањето на луѓето се веќе на терен“, изјави Зеленски за „Телеграм“.

Тој на социјалната мрежа „Х“ рече дека денешните руски удари врз Харков се „уште еден пример за руско лудило“ и дека „нема друг начин да се опишат ваквите постапки“.

„Само лудите луѓе како Путин се способни да убиваат и тероризираат луѓе на такви грозоморни начини. Кога ќе им кажеме на светските лидери дека на Украина и е потребна соодветна заштита од противвоздушна одбрана, потребна е вистинска решителност за да се обезбеди ефикасна заштита на животите на нашиот народ, рече Зеленски.