Локализиран е големиот пожар, но огнот сè уште гори кај Расадник во Кисела Вода.
Пожарникарите успеаја да го спречат ширењето на огнот кон зградите и на паркинзите полни автомобили.
Струјата беше исклучена, набрзо по избувнување на пожарот, кој почна да се шири од запалени грмушки и трева.











