Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Алиу и Клековски со здравствено осигурување за 109 вработени во гостиварски „Комуналец“ – по 13 години ќе им се отплаќа долгот на рати

/

пред 181 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска дадоа изјава за медиуми пред ЈП Комуналец-Гостивар.

  • Денес сме овде да соопштиме за корекција на една долгогодишна системска неправда од здравствениот систем – 109 вработени во ЈКП Комуналец Гостивар од 2013 година се оставени без здравствено осигурување, не поради своја вина, туку поради наталожено институционално игнорирање, неодговорност и молк на тие што со години требало да го решаваат овој проблем, а не го решиле. Со одлуката на Фондот за здравствено осигурување за склучување спогодба за отплата на долгот на рати, конечно ставаме крај на една состојба која не смеела ни да постои толку долго. Овие 109 вработени конечно го добиваат назад тоа што одамна требало да им биде гарантирано – правото на здравствено осигурување. Не станува збор за подарок или привилегија, станува збор за основно човеково право на овие луѓе, истакна министерот Алиу.

Воедно, тој порача дека не смее работникот да биде казнет затоа што системот бил пасивен и не смее никој што секојдневно работи и му служи на својот град да остане без здравствена сигурност затоа што некој со години бегал од одговорноста.