Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Битиќи се надева дека утре ќе се намалат цените на млечните производи и тестенините

/

пред 1310 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи се надева дека утре кога е и последен ден за да се намалат цените на млечните производи и тестенините поевтинувањето ќе се случи.

Иако процесот на поевтинување оди бавно но потенцираше дека доколку тоа биде помало од зацртаните проценти во тој случај ќе интервенира државата.

Неговиот колега, министерот за земјоделство Николовски не прецизираше дали министерството има механизам за заштита на сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото, рече само дека тие ги следат насоките на министерството за економија, а тиe како ресорно министерство секогаш биле тука за земјоделците.

Утре се замрзнува цената на тестенините, сирењето, урдата, кашкавалот, киселото млеко, јогуртот и млекото, претходно тоа се случи со лебот, а во моментов се анализира дали и за колку треба да поевтинат јајцата, оризот и шеќерот.