Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Eдно лице исчезна откако глечер затрупа село во Швајцарија

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Огромен дел од глечер на швајцарските Алпи вчера се отцепи предизвикувајќи свлечиште од мраз, кал и карпи што го затрупа поголемиот дел од планинско село кое беше евакуирано поради ризик од одрон на карпи, соопштија локалните власти.

Едно лице во моментов се води како исчезнато, соопштија официјални лица. На снимките може да се види огромна површина од кал и земја која целосно покрива дел од југозападното село Блатен, реката што тече низ него и пошумените делови на околната долина.