На забава во Вашингтон, пред два дена, група републикански пратеници се гоштеваа со несекојдневен десерт – торта во облик на Гренланд и прекриена со американското знаме.
Десертот, очигледно симбол на обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја добие арктичката територија, беше послужен во Центарот Кенеди за време на настан организиран од Републиканците за национална обнова, десничарска група која го притиска претседателот да се кандидира за неуставен трет мандат, објави Independent.co.uk. Видеото беше објавено на мрежата Х.
HOLY SH*T Members of Congress cut a Greenland cake that has the America Flag on it. LET’S GO 🔥
— MAGA Voice (@MAGAVoice) January 21, 2026
Додека посетителите на забавата се собираа околу тортата украсена со ѕвезди и пруги, едно лице можеше да се чуе како вели „Ќе биде меѓународен инцидент“, додека друго праша: „Дали е како матура?“
Пратеничката Ана Паулина Луна, републиканка од Флорида, потоа зграби нож и го исече првото парче, како што се гледа на снимката. Пратениците Абе Хамадех од Аризона и Енди Оглс од Тенеси, исто така, беа присутни.
Б.С.











