Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Над 100 илјади Мароканци евакуирани поради обилните поплави

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Мароканските власти досега евакуираа 108.432 луѓе поради поплави и ги повикаа жителите на загрозените подрачја во северозападните рамнини на земјата веднаш да се евакуираат поради растечката опасност од излевање на реките, обилните врнежи од дожд и испуштањето вода од полни брани пишува МИА.

Според агенциите, во спасувачките операции биле вклучени и хеликоптери, додека земјоделските полиња и селата низ целиот северозападен дел на земјата се под вода.

Официјалните податоци покажуваат дека количината на врнежи од дожд во Мароко е за 215 проценти поголема од минатата година и за 54 проценти над повеќегодишниот просек.