Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Над десетици илјади жители евакуирани поради поплавите предизвикани од тропска бура во Кина

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади жители беа евакуирани по силните поплави предизвикани од тропската бура Мајсак во јужна Кина. Според кинеските медиуми, невремето погодило околу 55.000 луѓе, од кои 48.000 биле принудени да ги напуштат своите домови.

Поројните дождови предизвикаа излевање на реки и оштетувања на повеќе брани, а најсериозен пробив е регистриран на акумулацијата Лиулан во градот Хенгџоу. Поради влошената состојба, локалните власти го подигнаа нивото на тревога за поплави на највисок степен.

Кинеското Министерство за вонредни состојби испрати повеќе од 1.000 спасувачи, специјални возила, чамци и беспилотни летала за помош во погодените подрачја. Во некои градови автомобилите беа целосно потопени, а спасувачките екипи со гумени чамци евакуираа жители заглавени во поплавените населби.