Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Најмалку 15 мртви, над сто повредени – се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република

/

пред 554 дена

Сподели преку :

Најмалку 15 лица загинаа при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти локалната полиција во Санто Доминго.

Според властите дошло до делумно уривање на покривот на познатиот клуб „Џет сет“.

Спасувачите со термички сигнали продолжуваат со потрагата на преживеани.

Најмалку 101 лице беа пренесени во неколку болнички центри во областа, но бројката на повредени не е конечна.

На местото ќе бидат поставени специјални шатори за семејствата на жртвите, каде што ќе можат да ја добијат помош.

  • „Имаме утврден периметар од Националната полиција како и спасувачкиот тим на урнатата структура, пожарникарите, вооружените сили, цивилната итна помош и другите власти кои се приклучија на оваа спасувачка работа на луѓето кои останаа заробени за време на трагедијата што се случи утринава. Се концентрираме на тоа да ги извлечеме луѓето, да можеме да ги спасиме, луѓето што се живи да ги однесеме во различни болници. Подоцна ќе обезбедиме прелиминарни информации за тоа што се случило овде во однос на жртвите, и живите и мртвите“, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции.