Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)НАСА емитуваше видео во вселената со висока резолуција на кое е снимена мачка што се наоѓа на Земјата

/

пред 1041 дена

Сподели преку :

Снимката од 15 секунди на мачката Тејтерс беше испратена во вселената преку ласер и на видеото се гледа како мачката брка ласерски зрак. Снимката патувала 19 милиони милји што е околу 80 пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината.

Беа потребни помалку од две минути за видеото со ултра висока дефиниција да стигне до опсерваторијата Паломар во Калтек, испратено со максимална брзина на тест системот од 267 мегабити во секунда.

НАСА се надева дека ласерската технологија што ја тестираше ќе ја подобри комуникацијата со подалечните делови во Сончевиот систем.

Тејтерс чии шепи останаа цврство на Земјата е мачка на еден од вработените во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Калифорнија.

Видеото беше прикачено на вселенско летало кое беше лансирано во вселената со ракетата Falcon Heavy на SpaceX на 19 октомври, а беше првпат емитувана на 11 декември.