Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Настапот на Бен Бади на Супер бол го налути Трамп

/

пред 244 дена

Сподели преку :

photo screenshot YT

„Господ да ја благослови Америка. Без разлика дали сте од Чиле, Аргентина, Уругвај, Парагвај, Боливија, Перу, Еквадор, Бразил, Колумбија, Венецуела, Гвајана, Панама, Коста Рика, Никарагва, Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала, Мексико, Куба, Доминиканската Република, Јамајка, Италија, Антилите, САД, Канада, мојата татковина Порто Рико, сега сме сите заедно овде,“ порача Бед Бани – музичар.

14-минутниот настап на најпопуларниот артист за минатата година Бед Бани за време на полувремето на американскиот супер бол, беше љубовно писмо за неговото родно Порто Рико, но и порака за единство во Соединетите Американски држави.

Иако за време на неговиот настап, кој целиот беше на шпански јазик, не беа упатени никакви политички пораки, сепак успеа да го разгневи американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нарече „ужасен, можеби и најлошиот супер бол во историјата.“

Но, фановите имаа поинакво мислење.

  • „Едноставно ја сакам неговата музика. Ми се допаѓа колку страстен е за сопствената култура. Едноставно се гледа дека тој ги сака луѓето. Дури и во неговиот говор на Еми наградите, едноставно беше прекрасно. Обожавам што толку многу ја сака својата култура. Мислам дека тоа е прекрасно,“ вели Натали Еванс – посетител.

Финалето на НФЛ сезоната е најгледаниот спортски настан во Америка и поради тоа е проследен со неколку часовна церемонија чија кулминација е музичката точка на полувремето, која традиционално ја одржува најпопуларниот артист.

Очекувајќи екстремно левичарски Супер бол, Турнинг поит, организацијата на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк, организираше алтернативен настан, за кој агенциите соопштија дека бил проследен од 5 милиони гледачи. Значително помалку од настапот на Бед Бани, кој го гледале 128 милиони.

Игор Трајков

Б.С.