Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Нови блокади на грчките земјоделци на граничните премини

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Грчките земјоделци продолжуваат со протестите со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција. Граничниот премин Евзони ќе биде блокиран денес од 12 до 16 часот и од 18 до 22 часот, додека на Меџитлија ќе биде блокиран од 10 до 14 часот, а грчките камиони што излегуваат од земјата ќе можат да минуваат.

На островот Крит, земјоделците предизвикаа прекини на аеродромите во Ираклио и Ханија, со судири со полицијата и блокирање на пистите, што резултираше со откажување на повеќе летови. Главните блокади во централна Грција се на автопатот Солун – Атина, а утре е најавен протест и блокада на пристаништето во Волос.

Протестите започнаа на 30 ноември поради високите трошоци за производство и ниските откупни цени, како и скандалот со европските субвенции. Земјоделците бараат исплата на заостанатите субвенции, а на некои блокади дури поставиле новогодишни елки како симбол дека ќе останат на улица и за време на празниците.

Т.Д.