Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

/

пред 492 дена

Сподели преку :

На деветтиот „Марш за ангелите“ во Кочани родителите низ солзи и со бес го искажаа својот револт и разочараност кон институциите. Со слики од починатите чеда поминаа низ кочанските улици, а зборовите не ги штедеа. Упатија горчливи пораки дека истрагата е селективна и со тоа одново институциите ги убиваат нивните починати деца.

Побараа одговори од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и обвинителот Љупчо Коцевски:

„Како е можно да се прави акциска контрола во објект кој воопшто не смеел да работи,  немал валидна лиценца и имал блокирана сметка во УЈП?“

Со тага и гнев прашаа:

„Како е можно обвинителството и МВР по 80 дена да немаат одговор кој ја внел пиротехниката во дискотеката „Пулс“?

Порачаа дека ова е системски криминал, и дека веќе нема да молчат туку ќе продолжат да бараат одговори. A eдна од мајките гласно извика:

„Сите вие дома деца чувате! Kаде се нашите деца?! Убијци!! Една минута да сте во наша кожа само!“