Салата Борис Трајковски во Собранието на Македонија од денеска има и портрет на вториот претседател на Македонија.
Делото го изработи сликарката Валбона Атанасковска. Во Собрание денеска исто така беше отворена и изложба на фотографии за животот и делото на Борис Трајковски.
Станува збор за 90 фотографии отстапени од фондацијата што го носи неговото име. Изложбата ќе биде отворена до крајот на јуни, а ќе може да се посети со претходна најава.











