Пелистер ги има сите потенцијали за развој на туризмот кои се речиси неискористени. Иако досега се изработени повеќе студии, сепак многу малку е направено за една од најубавите планини кај нас да стане достапна за туристите, како од аспект на инфраструктура, така и за сместувачки капацитети и понуда на содржини.
Општина Битола сега изработува уште една судија, која што треба да понуди решенија за развој на зимскиот и летниот туризам на Пелистер.
На трибина која ги вклучува сите засегнати страни, дебатираа експерти, претставници на НП Пелистер, надлежните институции, планинари.











