Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Пожар и пукање во „Ќациленд“ во Белград

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Утрово во шаторите пред српскиот парламент, избувна пожар проследен со пукање, при што едно лице е рането, а едно е уапсено. Според неофицијални информации, вооружен маж, кој не бил дел од протестите, влегол во еден од шаторите и по расправија испукал неколку куршуми кон друго лице, кое е повредено во ногата и пренесено во Ургентен центар.

Пожарот, кој наводно настанал од плинска боца, е пријавен во 10:17 часот и брзо бил локализиран. Снимките од настанот први ги објавија опозициски претставници на социјалните мрежи. Според очевидци, полицијата и обезбедувањето во првите моменти биле дезориентирани, а дел од пратениците во страв излегле надвор од зградата.

Како реакција на инцидентот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави вонредно обраќање до јавноста во 13 часот од Палата Србија. Случајот предизвика сериозни безбедносни реакции, а неколку политички партии предупредуваат на можно влошување на ситуацијата.

T.Д.