Во предвечерјето на 8-ми Mарт на Форумот за родова еднаквост беше истакнато дека родовобазираното насилство не е обележје или култура на едно општество туку е криминално кривично дело.
Ова не е социјално прашање, туку правно, рече заменик шефот на мисијата на британската амбасада во Скопје, Данијел Филер, кој истакна дека законските норми не се доволни, туку е потребен реален напредок.
Во видеото, погледнете ги изјавите на Ивана Јелиќ, Потпретседател на судот за човекови права во Стразбур, Данијел Филер, Заменик шеф на мисијата на британската амбасада во Скопје и Билјана Бретвејт, Програмски директор за Западен Балкан.











