Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Русија го тестираше новото нуклеарно торпедо „Посејдон“

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија извршила успешно тестирање на ново нуклеарно оружје и нуклеарно напојувано подводно торпедо „Посејдон“. Тој изјави дека ова оружје, првпат тестирано на нуклеарен погон, е „огромен успех“ и дека „не постои начин да биде пресретнато“.

Путин додаде дека моќта на „Посејдон“ ја надминува дури и онаа на најнапредната руска интерконтинентална ракета „Сармат“. Оваа најава доаѓа само три дена по објавата дека Москва успешно го тестирала и новиот нуклеарно напојуван крстосувачки проектил „Буревестник“, кој има речиси неограничен дострел и може со денови да кружи околу непријателските одбранбени системи.

И двата проекти беа првпат најавени во 2018 година како дел од руската стратегија за развој на оружја што можат да ги избегнат западните противракетни системи. Аналитичарите сметаат дека со овие демонстрации Москва испраќа јасна порака до американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да попушти под притисокот на санкциите и повиците за прекин на огнот во Украина.

Т.Д.