Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Свлечиште урна дел од потпорниот ѕид на штипската болница- поклопени две возила додека пациенти биле на преглед

/

пред 250 дена

Сподели преку :

Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, по што оградата и земјата се свлекле врз две возила со скопска и велешка регистерска табличка.

Ката Крстевска од Велес, која утринава по девет часот дошла на преглед во Клиничка болница во Штип вели дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото.

Сообраќајот на оваа улица која води кон главниот влез на болницата го регулираат полициски службеници.

  • Паркиравме возилото и само што појдовме на угорницата и слушнавме и кога дојдовме, кога видовме тука страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата, вели Крстевска.

На лице место излегоа од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на улицата Љубен Иванов“, која води кон главниот влез на болницата. Простотор беше исчистен од страна на екипи од ЈП „Стипион“.

Викторија Јованова

Б.С.