Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Ураганот Даниел го опустоши либијскиот град Дерна

/

пред 1144 дена

Сподели преку :

Невремето што уби илјадници луѓе, а огромен број се водат како исчезнати во Либија, е последниот удар за земјата која е уништена од години на хаос и поделба.

Поплавите се најфаталната еколошка катастрофа во нејзината модерна историја.

Годините на војна и недостатокот на централна власт ја оставија со распадната инфраструктура која беше ранлива на интензивните дождови.

Градот Дерна на истокот на земјата доживеа најголемо уништување, бидејќи голем дел од зградите изградени во близина на речното корито исчезнаа по пукањето на две брани.

Жителите раскажуваат дека неподготвени ја дочекале катастрофата бидејќи единствениот показател за опасност бил силниот звук на пукањето на бетонот од браните, бидејќи земјата нема систем за предупредување или план за евакуација.

Според последните информации бројот на жртви се искачи на над две илјади лица, а повеќе од 10 илјади се водат како исчезнати.