Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Затворени училишта поради поплави во Атина предизвикани од невремето „Бајрон“

/

пред 314 дена

Сподели преку :

Основните и средните училишта во областа Атика, поширокиот регион на Атина, денеска се затворени поради невремето „Бајрон“ што зафати голем дел од Грција. Невремето донесе обилен дожд, поплавени улици и сериозни штети, а Министерството за образование најави дека учениците ќе следат онлајн настава.

Пожарната служба на Грција интервенираше на 90 локации за испумпување вода, исекување дрвја и евакуација на лица на безбедни места. Најголеми количества дожд се регистрирани во западна и северна Атика, со 131 милиметар во Влихада и 108 милиметри во Авлона, додека во другите делови на Атина паднале 15 до 35 литри дожд на квадратен метар.

Жителите на западните предградија, како Неа Перамо, Мегара и Мандра, добија предупредувања од 112 да се преместат на повисоки катови поради ризик од поплави. Проблеми со сообраќајот има на неколку булевари и автопатот кон Коринт, а екстремните временски појави се очекува да траат до утре наутро.

T.Д.