Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Вие сте криминалци“ – вооружен маж протестираше преку куќата на Бајден

/

пред 1140 дена

Сподели преку :

Маж вооружен со пиштол протестираше на улицата во родниот град на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер. Тој бил облечен во портокалов заштитен елек и транспарент со навреди против Бајден и неговиот син Хантер – „Вие сте криминалци“.

Од фотографиите се гледа дека тој носи огнено оружје во појасот. Демонстрантот го следеше возило на Тајната служба.

Бајден допрва треба официјално да го коментира обвинението против неговиот син Хантер и не сакаше да одговори на прашањата на новинарите дали евентуално ќе го помилува синот.

Хантер Бајден се соочува со три федерални обвиненија и се соочува со затворска казна до 25 години. Еден од нив се однесува на купување пиштол додека бил зависник од дрога.