Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Висок функционер на Хамас: Подготвени сме и за поплавување на тунелите во Газа

/

пред 1049 дена

Сподели преку :

Висок функционер на Хамас ги исмеа најавите од Израел за поплавување на тунелите во Газа. Според Осама Хамдан, при изградбата на подземниот лавиринт на тунели биле земени во предвид сите закани.

Тој порача дека тунелите се изградени од добро обучени инженери кои ги земале предвид сите можни напади на Израел, па „дури и пумпање вода“.

Зборувајќи за предупредувањето на претседателот Џо Бајден дека Израел ја губи меѓународната поддршка поради неговото „недискриминирачко бомбардирање“ на Газа, Хамдан рече дека изјавите се „американско признание дека она што се случува е воено злосторство“.