Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Високи полициски функционери фатени во корупција – остануваат без работа, а ќе се гонат и кривично

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Петнаесет високи полициски функционери работеле спротивно на Законот, селективно издавале дозволи за поседување оружје и фатени се со докази. Остануваат без работа, а ќе се гонат и кривично. Ова го вели првиот човек на полицијата, Панче Тошковски.

Иинформира дека по извршена темелна истрага и ревизија на постапките биле констатирани повеќе од пет илјади предмети заглавени во фиока, затоа што селективно се постапувало само за предмети каде што интерес имал конкретен полициски функционер – да даде или да не даде наредба за постапување.

Во голем број предмети, апликанти кои не исполнувале услови согласно Закон – сепак добивале дозвола од МВР.

Согласно напатствија од надлежен јавен обвинител во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние за коишто има докази дека сториле конкретно кривично дело. Претпоставувам дека ќе се оди со Злоупотреба на службената положба и овластување или пак Несовесно работење во службата. Но, тоа ќе си проценат надлежните органи и надлежните институции, кажа Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Опозицијата остро критикува. Ова е класичен пример за партизација и дискриминација режиран од ВМРО-ДПМНЕ, вели поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Смета дека овој случај се користи за дефокусирање по вчерашната експлозија во Ќерамидница и пресметките помеѓу групи од подземјето.

Класичен пристап во којшто се врши целосна дискриминација и тоа не дискриминација по политичка основа, бидејќи полициските службеници не можат да бидат членови на политички партии. Дискриминација по основ за тоа на кои позиции биле и во чие време биле. И затоа сметам дека е недопустливо да на ваков начин се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во Министерството за внатрешни работи преку ваквите случаи, вели Оливер Спасовски од СДСМ, поранешен министер за внатрешни работи.

Владата ќе се обиде проблемот да го решава со дигитализација на процесот за барање дозвола за поседување оружје.

Министрите Тошковски и Андоновски презентираа дигитална алатка каде што може онлајн да се аплицира за дозвола за оружје.

Тоа значи искористување на националниот портал за услуги, uslugi.gov.mk, како и платформата за интероперабилност преку која институциите самите ќе ги прибавуваат доказите и информациите за граѓаните помеѓу себе, без граѓаните да имаат обврска да одат од шалтер на шалтер и од канцеларија или да трошат дополнително време и ресурси самите да прибавуваат доказите коишто институциите веќе ги поседуваат, информира Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Системот одлучува кој ги исполнува условите, за да продолжи со процесот на барање дозвола. На тој начин се спречува влијание однадвор, уверуваат надлежните.

Во меѓувреме, ќе се отежни процесот за оние коишто веќе имаат аплицирано во МВР. Нивните поднесени апликации ќе бидат дел од доказниот материјал во кривична постапка, вели министерот Тошковски.

Петар Догов