Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Високообразовните институции немаат стручен кадар за толкување на резултатите од вештањето во Србија – за загaдувањето од мазутот ќе се бара странски експерт

/

пред 142 дена

Сподели преку :

Откако ОЈО ГОКК ја затвори финансискиот дел од истрагата за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, во вредност од над 167 милиони евра, од обвинителството соопштија дека се уште трае истрагата за еколошкиот дел и се испитуваат сомнежите дека со набавениот мазут од страна на РКМ е предизвикано и загадување.

Направено е вештачење во Србија, и резултатите се пристигнати во земјава, но нема експерти кои би можеле да дадат стручно толкување на наодите.

„По добиеното вештачење од Р.Србија, обвинителството побара номинација на експерти од областа на заштита на животната средина од повеќе високообразовни институции со цел да го протолкуваат вештачењето во насока дали составот на мазутот за кој се добиени вештачења има влијание врз животната средина. Дел од институциите веќе известија дека не располагаат со стручен кадар кој може да даде толкување на наодите од вештачењето, а постапката за обезбедување соодветна експертиза и натаму продолжува“.

Обвинителството посочува дека, доколку не се најде соодветен експерт во државата, ќе биде побарана помош од странство.

 

КОД: Шемата фирми од Ахмети преку неговиот зет води до пратеникот Јахоски, но и до РКМ на Капушевски