Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски. Со овие зборови Роберт Вељановски му оддаде последна почит на истакнатиот македонски актер Лазе Манасковски.
„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден универзум што тој го создавал со своето творештво на сцената. Затоа ве повикувам со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“, изјави Роберт Вељановски, директор на Драмски театар Скопје.
Во телеграмата со сочувство, министерот за култура Зоран Љутков напиша „Се простувам од човек со кого делев сцена, време и професија, чија посветеност, тивка сила и длабока човечност оставија трајна и неизбришлива трага во македонскиот театар“.
На комеморацијата последен поздрав упати и актерот Благоја Чоревски. „Со Лазе студиравме заедно, бевме иста класа, се вработивме исти ден и година во овој театар, дружејќи се и приватно и професионално“, забележа неговата колешка Катерина Коцевска.
„Целиот работен век го поминавме овде, играјќи многу претстави заедно, се дружевме и приватно и професионално, беше многу грижлив и посветен татко и ја сакаше својата Васка“, изјави актерката Катерина Коцевска.
„Татко ми веруваше во конструктивна критика. Велеше само така може да има добра претстава: Кога политиката успеа да се вовлече во овие штици што живот значеа, се почуствува предаден, одеднаш вистината стана магла, а образот валкан“, истакна Симон Манасковски, син на Манасковски и актер.
Мојот татко како актер веруваше многу во дисциплината, мразеше кога пробата доцни и се одолговлекува. Тој уживаше да ја чита улогата дома и посветено да ја подготвува, додаде неговиот син Манасковски.
Нина Стефанова











