„По разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година“, соопштија од Владата.
Попустот со кој се намалуваат малопродажните цени на горивата изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.
Од Владата додаваат дека ќе продолжат да ги следат состојбите, да реагираат соодветно за обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот.











