Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влада усвои нова стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот за периодот 2025–2028 година, со цел да ги зајакне капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот. Информацијата ја соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

Според Фетаи, оваа стратегија ја отсликува цврстата решеност на Владата да ја засили борбата против организираниот криминал и корупцијата преку системски и структуриран пристап. Главниот фокус е на подобрување на ефикасноста при конфискацијата на незаконски стекнатиот имот преку зајакнување на надлежните институции.

Фетаи истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал останува главен приоритет, а стратегијата ќе биде поддржана со Акциски план и механизми за следење и надзор.

За таа цел ќе биде формиран Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, кој ќе ги следи и координира активностите за спроведување на целите.

Дополнително, кабинетот на вицепремиерот ќе има централна улога во координацијата и поддршката на овие активности, со цел постојано да се обезбеди посветеност и ефикасна реализација на стратегијата.