Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата денеска треба да обзнани кои производи ќе се најдат во декемвриската потрошувачка кошничка

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Владата денеска треба да обзнани кои производи ќе се најдат во декемвриската потрошувачка кошничка. Според најавите во неа ќе се најдат над 600 производи за побогата празнична трпеза за граѓаните. Очекувањата се дека на листата ќе се најдат месото, сувомесните и млечните производи што се всушност и најбарани во празничниот период.

Потрошувачка кошничка ја подготвува Министерството за економија и труд во консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. Воведувањето потрошувачки кошнички за најголемите празници, според надлежните има за цел да ги стабилизира цените на основните прехранбени производи, но и да не се дозволи зголемување на инфлацијата.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка, која траеше до 31 октомври, а во која беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи, но таа според економските експери и граѓаните не даде големи резултати.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска беше против воведувањето вакви мерки бидејќи како што истакна тие тешко може да се контролираат. Таа решението за спречување на неоправдан раст на цените го гледа во донесување на законот за нефер трговска практика.