Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата го задолжи ЕСМ дистрибуција да склучи договор за купопродажба на топлинска енергија со ТЕ-ТО

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Владата на денешната 98-ма седница ја задолжи ЕСМ дистрибуција да склучи договор за купопродажба на топлинската енергија со ТЕ-ТО, во рамки на потребните количини на месечно ниво.

Претходно, АД ЕСМ склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас за топланите „Исток“ и „Запад“ за периодот од 1 до 15 ноември и за КОГЕЛ, во подружница „Енергетика“, за периодот 1 до 30 ноември.

Нагласија дека набавката на природен гас за пократок временски период е направена од причина што се бележи пад на цените на природниот гас на берзите и оти очекувањата се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди.

Од ЕСМ Дистрибуција најавија дека во наредните денови ќе биде потпишан договор со ТЕ-ТО за ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.