Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ја усвои информација за раскинување на Договорот за закуп за деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ и Државна лотарија

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија.

  • Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси. Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години, соопштуваат од Владата.

Зградата во близина на Визбегово – порано служеше за свадби, сега е изнајмена од Државна лотарија за голема сума. Има четири ката и поткровје, се наоѓа на 7 километри од центарот на Скопје.

Фирмата Хеј ДООЕЛ го купила земјиштето и објектот, по што склучиле договор за закуп со лотарија за 2,6 милиони евра.

Зделката дополнително е потврдена за сомнителна, откако финансиската полиција отвори предистрага и според сознанија на Телма одзела документација од лотаријата за да истражи дали има нерегуларности.

Но, фирмата „Хеј“ поврзува повеќе функционери и блиски роднини на политичари од ДУИ.

„Џек-пот“ во Визбегово – Лотарија дава 2,6 милиони евра за кирија на фирма на син на пратеник на ДУИ