Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе донира 100 нови комби возила за „Македонска пошта“

/

пред 294 дена

Сподели преку :

„Македонска пошта“ следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што информира Николоски на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, се работи и на програма за дополнителна поддршка на Поштата.

„Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за „Македонска пошта3 и во делот на софтвер, сортирки, просторни услови и можност за испорачување најдобри услуги на пазарот. Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога“, рече вицепремиерот.

Во обраќањето на состанокот, Николоски порача дека ќе мора да се менуваат условите на пазарот на поштенски услуги.

„Мојата намера е „Македонска пошта“ да расте, а не да пропаѓа – или сите подеднакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки“, потенцира Николоски.