Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата пресече – ги замрзна цените на тестенините и на млечните производи

/

пред 1315 дена

Сподели преку :

Се замрзнуваат цените на тестенините и на млечните производи. Владата денеска донесе одлука со која очекува тие да паднат за 10 до 15 отсто, а одлуката за новите замрзнати цени ќе важи во периодот од 16 март до 31 мај годинава.

Според пресметките на владините експерти со ваквата одлука се очекува поевтинување на белото сирење, кашкавалот, киселото млеко, павлаката, јогуртот, кравјото млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти масленост, а новата цена ќе се формира во односно највисоката цена на овие производи во малопродажба од 1 март годинава.

Кај тестенините, конкретно кај макароните и шпагетите намалувањето се очекува да изнесува околу 8 – 9 денари.Ова е второ замрзнување на цените годинава.

Претходно, на владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари.

Ваквите одлуки се донесени откако Владата констатираше дека не се почитува договорот со кој се предвидуваше државата да ја субвенционира струјата за прехранбената индустрија на сметка на корекција на цените на основните прехрамбени производи.

Статистичките податоци на Владата покажаа дека дури 70 отсто од фирмите не ги намалиле цените на своите производи а останатите тоа го сториле делумно.