Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владината коалиција е стабилна и цврста, за приклучување на ЛДП не е разговарано, порача Мицкоски

/

пред 727 дена

Сподели преку :

Владината коалиција е стабилна и цврста, речиси официјално две третини мнозинство во рамки на Парламентот. Секој којшто ги споделува и поддржува политиките на оваа Влада, може да се приклучи и да ги поддржува овие политики, порача премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали е можно влегување на ЛДП во владината коалиција.

Дали ЛДП официјално би биле дел од владината коалиција, Мицкоски нагласи дека сè уште не разговарал „ниту во рамките на коалицијата, ниту пак во рамките на партијата“.

„Сепак, тоа е процес којшто е потребно да добие поддршка од сите чинители, не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже, битно е да видиме што велат коалиционите партнери, што велат нашата внатрешна коалиција во рамките на нашата партија за да дојдеме до конечен став. Но, секоја поддршка од секој пратеник којшто ги поддржува политиките на Владата е добредојден во рамките на гласањето во Парламентот“, изјави Мицкоски.

Во однос на пораката од претседателката на ЛДП, Моника Зајкова и дали е можно да се изгради натпартиски став за уставни измени со одложено дејство, Мицкоски рече тој и во говорот на 23 Октомври повикал на „натпартиска позиција за многу од отворените прашања“.

„Дадов одговор на вториот дел од вашето прашање, а на првиот дел од вашето прашање – апсолутно јас и  на говорот за 23 Октомври повикав на надпартиска позиција за многу од отворените прашања коишто според нас како Влада претставуваат озбилни предизвици. Така што, секој де добредојден, вратата е отворена, секој којшто ги споделува овие стравови, страв можеби е претежок збор, секој оној којшто е загрижен вратата е отворена може да ни се придружи“, изјави Мицкоски.

Постапката за уставните измени, според Зајкова, може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија. ЛДП, според Зајкова, предлага измените да стапат во сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, како земја членка, би го ратификувале пристапниот договор за членство во Европската Унија.